Латас: Со признавањето на МПЦ-ОА ќе се сопре бугаризација на Црквата

од Nikola Popovski
370 прегледи

Беше време тоа да се заврши. Крајот на формално признавање релативно брзо ќе се случи. СПЦ со самото соопштение дека ја признава МПЦ како автономен субјект го прави тоа и од црковни и од политички цркви. Видовме примери од нашата црква кои постепено преоѓаа кон Бугарската црква, вели новинарот Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Само вистина“

Според него, „ова беше паметен потег, за да се сопре таа бугаризација на Црквата, бидејќи после ова секое приближување кон Бугарската црква ќе значи работење после МПЦ“.

-Еден чекор кој им значи на верниците. Ја почитувам МПЦ и ова треба да се заврши час поскоро, за да немаме отворено прашање со ниту еден сосед. Со Србија нема ниту едно политичко прашање. Ако сме сите православни од Русија до Етиопија, треба да бидеме сите заедно, рече Латас по признавањето на Македонската православна црква од страна на Вселенската патријаршија за канонска.

Слични содржини