Советникот на министерот за образование Шпетим Латифи во емисијата 24 анализа на Тв24 потенцираше дека некој кој ги брани интересите зна студентите е токму МОН и не разбира зошто се на спротивставени стани.
– Министерот Јетон Шакири најтранспарентно ги води разговорите со двете страни за подобрување на стандардот. Има простор за подобрување и студираат подостоинствено. Во образованието капиталните инвестиции и носење на заеднички политики и измените на законите во интерес на студентите и професорите, во буџетот на МОН за 2022 буџетирани се околу милијарда денари и тие веќе се околу 70% реализирани до овој момент, вели Латифи.
Од друга страба, Кристијан Димков од Студентски отпор истакна дека целата поента на протестот е унапредување на стандрдот кај студентите и барањата се многу реални и базични.
– Тоа се основни работи за кои допрва разговараме, за нормални услови во студентските домови. Студентите да можат достоинствено да студираат и да ги имаат основните улови, истакна Димков.