Латвија: Суспензија, па отказ за невакцинираните работници

од Nikola Popovski

Летонскиот парламент во четвртокот им дозволи на компаниите да отпуштат работници кои не биле вакцинирани или одбиваат да работат од дома додека земјата се бори со еден од најлошите бранови на Ковид-19 во Европската унија.

Околу 61 отсто од возрасните Летонци се целосно вакцинирани, додека просекот во ЕУ е 75 отсто.

Летонија е првата земја во ЕУ што воведе локдаун оваа есен по големиот пораст на бројот на заразени и побара медицинска помош од другите членки на ЕУ.

Според новиот закон, компаниите сега можат да ги испраќаат невакцинираните на неплатено отсуство доколку не сакаат да се вакцинираат или, ако е можно, да работат од дома.

Потоа можат да отпуштат работници доколку не се вакцинираат во рок од три месеци.

-Има доволно причини да се верува дека такво лице не е соодветно за позицијата, се вели во образложението на предлог-законот што летонската влада го достави до парламентот.

Новите правила стапуваат на сила на 15 ноември, кога Латвија ќе излезе од локдаунот.

Одлуката нема да се однесува на лицата кои имаат медицинска оправданост дека не се вакцинирани, како што се лицата кои неодамна прелажале Ковид-19.

Претходно, обврската за вакцинација важеше за латвиските работници во здравствениот и образовниот систем и во домовите за стари и изнемоштени лица.

Слични содржини