Лавина на алпско скијалиште во Швајцарија: Повредени четири лица

од Vlatko K
82 прегледи

Најмалку десет лица се исчезнати под лавините, а во спасувачката акција учествуваат и хеликоптерски екипи, кучиња трагачи и најмалку 240 спасувачи

Полициските официјални претставници на кантонот Валаис соопштија дека лавината се случила вчера во попладневните часови во зимското место Плаин-Морт

Шефот на полицијата, Кристијан Варон, изјави дека од под снегот се извлечени четири повредени лица и дека меѓу нив е едно кое е во животна опасност.

Тој изјави дека очевидците тврдат оти лавината затрупала повеќе лица по кои спасувачките екипи и понатаму трагаат.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку десет лица исчезнале под лавините, а во спасувачката акција учествуваат и хеликоптерски екипи, кучиња трагачи и најмалку 240 спасувачи.

Лавината започнала поради пораст на температурите на воздухот и топење на снегот.