Лавина од негативни коментари: Блејк Лајвли го промени личниот опис поради улога (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Иако јавноста ја обожава, славната актерка Блејк Лајвли овој пат беше цел на бројни критики.

Имено, Блејк моментално работи на снимањето на филмот „It Ends With Us“, кој е филмска адаптација на познатиот бестселер „The Story Ends With Us“, чиј автор е Колин Хувер.

Филмот за младата девојка Лили Блум, која ја игра Блејк, би требало да се појави во кината следната година, а сега се појавија и неколку фотографии од снимањето.

Блејк, која не е позната по честите промени на имиџот како некои нејзини колешки, за оваа улога стана огнена црвенокоса.

Сепак, се чини дека луѓето на социјалните мрежи не се премногу ентузијасти за таа промена, ниту за нејзиниот стајлинг, бидејќи на фотографиите ја гледаме во розова маичка која ја носи преку беж фустан, во комбинација со мокасини, чорапи со принт и огромна торба во рацете.

Доколку не сте запознаени со содржината на книгата, станува збор за романтичен роман во кој дваесет и тригодишната Лили Блум се сели во Бостон, каде што треба да го започне животот по факултетот. Таму го запознава и се вљубува во триесетгодишниот доктор Рајли, кој го игра Џастин Балдони. Заплетот се заплеткува кога нејзината поранешна љубов, Атлас Кориган, се појавува во нејзиниот живот по многу години.

Веднаш штом беше објавена актерската екипа, имаше многу негативни коментари на социјалните мрежи, бидејќи луѓето сметаа дека актерите се премногу стари за улогите. Блејк има 35 години и глуми дваесет и тригодишна девојка, додека Џастин има 39 и глуми триесетгодишник.

Слични содржини