Околу илјада туристи се блокирани поради лавини во оддалечено туристичко планинско одморалиште во регионот Ксинџијанг во северозападна Кина, објавија денеска кинеските медиуми.
Променливото време ја попречува евакуацијата, а пристапот до туристичкото село Хему, во близина на тромеѓето на Казахстан, Русија и Монголија, каде туристите се заробени веќе неколку дена, е отсечен од лавина, пренесува „Ројтерс“.
Континуираните снежни врнежи во одредени области траат веќе 10 дена, што предизвика неколку десетици лавини, но помал број туристи беа успешно евакуирани со хеликоптер, јавуваат кинеските медиуми.