Лавров: Америка води не само хибридна, туку и директна војна против Русија

од Radmila Tasevska

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Вашингтон води „не само хибридна, туку и директна војна“ против Москва.

– САД водат агресивна, непријателска политика кон Русија и во пракса, бидејќи Украинците не би можеле да се борат без американско оружје, изјави Лавров по состанокот на министрите на Г20 во Бразил.

Тој додаде дека Американците водат „не само хибридна војна, туку во голем број случаи и директна“ војна против Русија. Тој рече дека Западот нема право да се меша во внатрешните работи на Русија, додавајќи дека барањата за „независна истрага“ за смртта на Алексеј Навални се „срам“.

– Тие луѓе немаат право да се мешаат во нашите внатрешни работи. Можеме да го впериме прстот и кон нив, спомнувајќи ги Џулијан Асанж и Гонзало Лира кој почина во украински затвор, рече Лавров. Според него, тоа е доказ дека „нацистите смеат да прават што сакаат“.

Слични содржини