Лавров: Америка води војна против Русија во Украина

од Nikola Popovski
403 прегледи

Америка води војна против Русија во Украина – испорачува оружје, муниција, обезбедува разузнавачки информации, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментирајќи ги изјавите кои доаѓаат од Запад дека имаат намера да испорачаат проектили со долг дострел на Киев.

„Не можам да ги коментирам нивните изјави, тие се менуваат од ден на ден. Можеби подготвуваат јавно мислење, но факт е дека нема да ја променат суштината на она што се случува во Украина“, изјави шефот на руското дипломатско одделение.

Според него, можните испораки на ракети со долг дострел за Киев нема да ја сменат суштината на она што се случува во Украина.

„Тие со години ја подготвуваат Украина да и нанесат стратешки пораз на Русија. Што и да кажат тие (САД), управуваат со оваа војна, го снабдуваат (Киев) со оружје, муниција, разузнавачки податоци, податоци од сателити, односно водат војна против нас“, рекол министерот во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Слични содржини