Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му рекол на американскиот државен секретар Антонио Блинкен во денешниот телефонски разговор дека американските санкции „само ја комплицираат глобалната ситуација со храната“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Министерот особено го привлече вниманието на фактот дека глобалната ситуација со храната дополнително се усложнува поради американските санкции“, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.