Лавров: Бараат од Украина да се бори до крај, а сите знаеме каков ќе биде крајот

од Nikola Popovski
169 прегледи

„Што се однесува до поврзувањето на договорот за извоз на украинско жито со другите аспекти на ситуацијата во Украина, немаме никакви предрасуди за продолжување на преговорите за поширок опсег на прашања, но работата не зависи од нас“, рекол шефот на руската дипломата Сергеј Лавров во Каиро при неговата официјална посета на Египет.

Лавров потсети дека украинските власти, од претседателот до неговите бројни советници, постојано велат дека нема да има преговори додека Украина не ја победи Русија на бојното поле.

„Затоа, изборот е нивен. Но, колку подолго бараат од Украина да се бори до конечна победа – и сите знаеме кој ќе победи – толку повеќе луѓе ќе умираат и толку подолго ќе трае моменталната ситуација, што не е од корист, прво на сите, на украинскиот народ и на украинската држава“, рече Лавров.

Слични содржини