Лавров: Бевме подготвени да преговараме со Украина на почетокот на војната

од Radmila Tasevska
113 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврдеше дека Москва била подготвена да преговара со Украина во првите месеци од војната, но САД и другите западни земји го советувале Киев да не го прави тоа.

„Добро е познато дека го поддржавме предлогот на украинската страна да се преговара на почетокот на специјалната воена операција, а до крајот на март двете делегации се договорија за принципот за решавање на овој конфликт. Познато е и отворено е објавено дека Нашите американски, британски и некои европски колеги и рекоа на Украина дека е рано за договор, а аранжманот што беше речиси договорен никогаш не беше разгледан од режимот во Киев“, рече Лавров во разговор со јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандора.

Слични содржини