Лавров го напушта самитот на Г20 : Светските лидери одбија да се фотографираат со него (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Министрите за надворешни работи на земјите од Г-20 на самитот во Индонезија одлучија да го игнорираат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Прво дипломатите одбија да се фотографираат со него, а потоа министрите на земјите од Г7 ја пропуштија официјалната вечера на која требаше да се појави и Лавров, пишува „Шпигел“.

„Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров штотуку пристигна на состанокот на Г-20 на Бали, опкружен со големо медиумско внимание. Но, тој треба да замине пред ручек, изјави неговата портпаролка Марија Захарова за германската агенција ДПА, пренесува германскиот весник.

Во обид да ја олесни ситуацијата и да објасни се на свој начин, Захарова рече дека Лавров се уште „води билатерални разговори“, поради што не присуствува на официјалниот оброк и на попладневната седница, а потоа ќе им се обрати на новинарите и ќе си замине“.

Лавров, сепак, ја напуштил салата за состаноци веднаш по неговиот говор, според извори во делегацијата.

Тој го избегнал и говорот на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок. Бербок, како вршител на должноста претседател на групата Г7 на водечките демократски економски сили, требаше да биде следниот говорник по Лавров. Според нив, Русинот седел во салата меѓу претставниците на Саудиска Арабија и Мексико.

Присуството на Лавров на состанокот на Г20 се сметаше и како тест за можното учество на шефот на Кремљ Владимир Путин на самитот на Г20 закажан за 15-16 ноември исто така на Бали.

Неколку земји го доведуваат во прашање нивното учество доколку Путин лично присуствува на актуелниот самит.

Слични содржини