Конфронтацијата меѓу Западот и Русија го достигна дното, но има надеж дека сите ги разбираат ризиците поврзани со тоа, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за телевизијата „Прв канал“.
На прашањето дали некогаш бил позагрижен отколку што е сега, рускиот министер рече: „Да и не“.
– Од една страна, конфронтацијата го достигна дното. Од друга страна, во длабочините на душата, постои надеж дека сите возрасни се и ги разбираат ризиците поврзани со ескалацијата на натамошната напнатост – рече министерот.
Според него, западните колеги го вовеле зборот „војна“ во дипломатска и меѓународна употреба.
– Хибридната војна иницирана од Русија е многу популарен опис на она што Западот го доживува како голем настан во меѓународниот живот. Јас сепак сметам дека ќе преовлада разумот – потенцираше министерот.
Сергеј Лавров исто така го оцени како дипломатски и учтив одговорот на рускиот претседател Владимир Путин на неприфатливите изјави на неговиот американски колега Џо Бајден.
– Таа реторика е, сакам уште еднаш да ја истакнам, вознемирувачка и неприфатлива. Но, претседателот на Русија реагираше на тоа дипломатски и учтиво – рече Лавров во програмата на Првиот канал.