Лавров: Го прифативме продолжувањето на договорот за жито, иако не видовме напредок во спроведувањето

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва се согласила да го продолжи договорот за жито за уште два месеца, и покрај тоа што не видела напредок во спроведувањето на деловите од договорот кои се однесуваат на Русија.

Лавров истакна дека целта на договорот е да се зајакне безбедноста на храната на најсиромашните луѓе во светот, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на руската дипломатија ги отфрли обвинувањата дека продолжувањето на договорот со посредство на Турција е поврзано со претседателските избори во таа земја.

Слични содржини