Лавров го смета за кражба давањето на замрзнатиот руски имот на Украина

од Nikola Popovski
255 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нарече кражба идејата на европскиот министер за надворешни работи Жозеф Борел за пренос на замрзнатиот руски имот на Украина, со што ќе се обнови земјата после војната.

Тој забележа дека ваквите постапки веќе стануваат навика на Запад, пренесе агенцијата РИА Новости.

Лавров како пример ја спомена ситуацијата со замрзнувањето на авганистанските средства, кои западните земји сакаат да ги користат не за потребите на народот на Авганистан, туку за цели надвор од новата земја.

Заменикот на Лавров, Александар Грушко, предлогот на Борел го нарече незаконски, наведувајќи дека таквиот потег ќе влијае на целиот глобален финансиски систем и скапо ќе ги чини Европејците.

По почетокот на руската воена операција во Украина, Западот го зголеми притисокот врз Москва, а многу земји најавија замрзнување на рускиот имот.

Според зборовите на министерот за финансии, Антон Силуанов, станува збор за околу 300 милијарди долари, што е половина од златните и девизните резерви.

Русија презеде контрамерки и конкретно им забрани на странските инвеститори да повлекуваат пари од нејзиниот финансиски систем. Според некои проценки, станува збор за повеќе од 500 милијарди долари.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вчера изјави дека Европската унија треба да размисли за запленување на замрзнатите руски девизни резерви, со цел да помогне да се плати за обновата на Украина по војната.

Тој во интервју за „Фајненшл тајмс“ рече дека би било логично ЕУ да го направи истото што го направија САД со имотот на авганистанската централна банка, откако Талибанците дојдоа на власт, пренесе Ројтерс.

Слични содржини