Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а една од темите на преговорите била и размената на затвореници.
– Разговарав со министерот Лавров. Имавме отворен и директен разговор. Инсистирав Кремљ да го поддржи предлогот во врска со ослободувањето на Пол Вилан и Бритни Грајнер – изјави Блинкен.
Набргу потоа, рускиот оддел за надворешна политика исто така објави дека Лавров и Блинкен разговарале, а дека тема покрај размената на затвореници била и Украина.
Лавров го повика Блинкен да се врати на режимот на „тивка дипломатија“ во врска со размената на затвореници, без шпекулации и наметнувања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Тој наведува и дека Лавров на Блинкен му ги објаснил деталите од договорот за храна кој беше потпишан во Истанбул.