Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан разговараше со неговиот руски колега Сергеј Лавров за актуелната ситуација во врска со договорот за жито, соопшти турското министерство за надворешни работи.
„Денеска (18.07) министерот за надворешни работи Хакан Фидан оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров“, се вели во соопштението на министерството, пренесува РИА Новости.
Се додава дека Фидан и Лавров разговарале и за последните случувања во рамките на договорот за жито во Истанбул.