190
Русија не се смета себеси за загрозена поради фактот што Украина и Молдавија добија статус на кандидати за влез во Европската унија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Нашиот став отсекогаш бил дека Европската унија не е политички блок, за разлика од НАТО. Развојот на нејзините односи со која било земја што го сака тоа не претставува никаква закана или ризик за нас“, рече Лавров на прес-конференција, пренесува ТАСС.
Во исто време, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини ЕУ и НАТО дека формираат коалиција против Москва.