Лавров ќе одговори на барањето за средба со Блинкен „кога ќе има време“

од Nikola Popovski
169 прегледи

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе одговори на барањето на САД за разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен кога ќе има време, бидејќи неговиот распоред во моментов е полн, пренесе „Интерфакс“.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс претходно изјави дека САД побарале средба меѓу Блинкен и Лавров, додавајќи дека не е наведена временската рамка.

„Искажавме интерес, јасно и кажавме на Руската Федерација дека бараме разговор помеѓу Блинкен и Лавров“, рече Прајс, додавајќи дека руската страна потврдила дека го добила барањето од американската страна.

САД очекуваат да разговараат за размена на американски затвореници во Русија.

Прајс наведе три можни теми на разговор меѓу Лавров и Блинкен, а тоа се прашањето за американските државјани затворени во Русија, поддршката за истанбулските договори за укинување на ограничувањата за испорака на руски производи за извоз и руската помош во врска со продолжувањето на испорака на украинско жито.

Тој додаде дека руската страна ќе биде предупредена да не анектира украински територии, пренесува „РИА Новости“.

Слични содржини