Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, сака да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО, оцени денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Тој беше малку груб кон своите ментори, обвинувајќи ги за неактивност. И се прашувам: ако беше толку изнервиран што НАТО не застана за него како што се надеваше, тоа значи дека тој сè уште се надеваше дека конфликтот ќе се реши со вовлекување на НАТО во целата оваа приказна, а не преговори“, рече Лавров.
Според него, излегува дека тој се уште се обидува да предизвика конфликт.
Лавров оцени дека постојаните огорчени изјави на претседателот на Украина не влеваат оптимизам.
Шефот на руската дипломатија рече дека милитаристичката ревност на Зеленски зборува за тоа дека не му требаат преговори со Русија и додаде дека се надева дека тоа ќе се промени.
Според Лавров, украинската делегација постојано бара изговори за одложување на секоја следна рунда преговори со Русија.
„Руските преговарачи чекаат барем некои информации од украинската страна, како и во текот на првите две рунди“, рече тој.