Лавров: Косово очигледно престана да ги слуша оние, кои што се правеа дека го раководат

од Vladimir Zorba
87 прегледи

ОН треба да одговорат на активностите на Приштина против соработникот на руската мисија на ОН во Косово. Ова го изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, цитиран
од „ТАСС“.

„Нема ништо што ќе го оправда апсолутно неприфатливото однесување на косовските власти кон руската мисија на ОН во Косово. И нивните обиди за лишување на нашиот претставник на мандатот и статусот, кој го има персоналот на мисијата на ОН се многу сериозно прашање за кое претставниците на ОН треба да одговорат“, рече Лавров

„Покровителството на западните земји против акциите на Приштина предизвика чувство на неказнување на косовските власти“, истакна рускиот министер за надворешни работи.

„Тие (косовските власти) очигледно престанаа да ги слушаат оние, кои што се правеа дека ги раководат. Всушност, тие никого не слушнале. И Европската унија и САД се обидуваат да ги водат. Резултатот е трагичен. Како резултат на тоа покровителство од страна на Западот, косовските власти добија чувство на неказнивост и си мислат дека можат да прават што сакаат“, посочи Лавров.

„Ние ќе се обидеме да ја постигнеме оваа Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН, која ги поставува параметрите за решавање на косовското прашање, која треба да се почитува од сите. За да може да биде така, дека секое решение ќе биде резултат само на слободниот, взаемно прифатлив процес меѓу Приштина и Белград, додаде Лавров.