Лавров: Москва остро ќе одговори доколку САД се обидат да ја преминат црвената линија

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Русија остро ќе одговори на сите обиди на Соединетите Американски држави да ја преминат „црвената линија“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој во интервју за „Спутник“ рече дека сите обиди на САД да воспостават дијалог со Русија се осудени на пропаст доколку Вашингтон не се откаже од своите амбиции за доминација.

„Повторно ќе кажам – нема да успееме ако САД не се откажат од своите амбиции за доминација, како што рече рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање пред Националното собрание на Руската Федерација, доколку не ја разбираат залудноста на сите обиди за заживување на униполарниот свет и создадат некоја структура каде секој ќе биде подреден на земјите од Западот, и доколку не водат дијалог со нас, како и со другите земји, со меѓусебно почитување и засновано на рамнотежа на интереси, која треба да се најде“, посочи Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна дека Русија поставува свои „црвени линии“ и дека е подготвена да реагира доколку бидат преминати.

Обраќајќи се на Собранието во средата, 21 април, Путин изрази надеж дека никој не би се осмелил да ги премине „црвените линии“ во односите со Русија, истакнувајќи дека Москва ќе одреди каде се наоѓаат тие во секој случај поединечно.

Тој предупреди дека „оние што ја провоцираат Русија горко ќе зажалат за тоа“.