Лавров: Москва подготвена за преговори за разоружување со сите земји кои имаат нуклеарен потенцијал

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Москва е подготвена за мултилатерални преговори за разоружување со сите земји кои имаат нуклеарен потенцијал, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на видео обраќање пред учесниците на конференцијата за разоружување во Женева.

Лавров потврди дека Русија ќе продолжи да дава значителен практичен придонес во процесот на ракетно и нуклеарно разоружување, пренесува ТАСС.

„Следниот чекор на тој пат ќе бара во тој процес да се вклучат сите земји кои располагаат со нуклеарни капацитети, особено Велика Британија и Франција. Русија е отворена за мултилатерални преговори што би се воделе врз основа на консензус, истовремено почитувајќи ги легитимните интереси на сите страни и со нивна согласност“, рече рускиот министер за надворешни работи.

Слични содржини