Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ќе ги искористи сите можни средства за да се спротивстави на сириските бунтовници Хајат Тахрир ал-Шам, пренесува РИА Новости.
Лавров пред новинарите на Форумот во Катар изјави дека офанзивата на милитантите била планирана долго однапред и претставува обид за промена на динамиката на теренот во Сирија.
„Ќе се спротивставиме на секој можен начин, ќе ги поддржиме легитимните сириски власти. Во исто време, се разбира, активно ќе ја промовираме потребата од продолжување на дијалогот со опозицијата“, посочи Лавров.