Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема пречки за извоз на жито од украинските пристаништа, откако Украина и Русија минатата недела потпишаа договор во Турција за деблокирање на испораката на жито преку воден пат на Црното Море.
Откако руските проектили го погодија главното украинско пристаниште Одеса минатата недела, Лавров во саботата рече дека нападот бил насочен кон воената инфраструктура во пристаништето, пренесе „Ројтерс“.
„Што се однесува до целите врз кои се извршени прецизни удари, тие се наоѓаат во посебен дел од пристаништето во Одеса, во таканаречениот воен дел на пристаништето, а тие цели биле борбен брод на украинските поморски сили и складиште за муниција, каде неодамна беа испорачани противбродските ракети Харпун“, изјави Лавров.