Лавров: Остануваме отворени за дијалог со Западот, но постојат услови

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Русија е подготвена за прагматичен дијалог со западните земји, под услов тие да ги земат предвид интересите на Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Остануваме отворени за прагматичен дијалог со западните земји, под услов тие да покажат со дела, а не само зборови, волја да ги земат предвид нашите интереси и да соработуваат врз основа на взаемна корист и почит“, рече Лавров во обраќањето за време на меѓународен саем „Русија Експо“.

Тој изјави дека западните земји може, порано или подоцна, да сфатат дека сегашната антируска политика не води никаде, пренесе ТАСС.

„Ова не е прашање за нас, туку, пред сè, за сегашната генерација високи функционери во европските земји, кои очигледно ја изгубија способноста да имаат стратешка визија и кои слепо го следат курсот на штетната политика на Вашингтон“, додаде Лавров.

Слични содржини