Лавров: Платеници од Косово, Албанија и БиХ во Донбас!?

од Nikola Popovski
245 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ги проверува информациите дека се регрутираат платеници за испраќање во Донбас во Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.

Лавров за РТ изјави дека има информации дека платеници во Косово, Албанија и БиХ се регрутираат и се испраќаат, меѓу другото, во Донбас, со цел Русија да биде исфрлена од рамнотежа, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција по неодамнешната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц зборувал за бомбардирањето на Југославија во 1999 година и дека Шолц рекол дека НАТО интервенирал „за да спречи геноцид врз косовските Албанци“.

– Како да тие направија се успешно и сега тој регион цвета – рече Лавров и оцени дека регионот, како што наведе, е далеку од процут.

– Косово и некои други делови од Западен Балкан станаа жариште на криминал. Има терористи, дилери на дрога. Тие регрутираат платеници за да учествуваат во борбени операции кои постепено се разгоруваат, вклучително и САД, рече Лавров.

Слични содржини