Русија е подготвена да разговара за сите проблеми насобрани во односите со ЕУ, но Брисел намерно ја уништи основата на тие односи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со неговиот фински колега Пек Хависто во Санкт Петербург.
Лавров рече дека Русија ќе биде подготвена да ги оживее односите со Европската унија кога Брисел ќе престане да ги уништува, пренесува ТАСС.
„На Европската Унија е да одлучи. Ако таа одлучи дека односите треба да се обноват и да ги сврти чекорите за нивно прекинување, тогаш и ние ќе бидеме подготвени за тоа“, рече Лавров.
Како што изјави, прекинувањето на односите меѓу Русија и ЕУ трае веќе подолго време, а иницијатор за тоа е ЕУ, пренесува „Спутник“.
„Во принцип, секој што е повеќе или помалку заинтересиран за ситуацијата во Европа одамна знае дека овој прекин (во односите меѓу Русија и ЕУ) трае веќе многу години: односите постојано ги раскинува Европската унија“, рече Лавров на прес-конференција по разговорите со Хавистом.
Коментирајќи ги изјавите од Европската унија дека посетата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на Русија заврши со понижување, Лавров рече дека вистинското понижување на Европската унија се случило во 2014 година, за време на кризата во Украина.
Лавров истакна дека Русија нема проблеми во односите со одделни европски земји.