Лавров: Политиката на НАТО ризик за директен конфликт меѓу две нуклеарни сили

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека НАТО е сериозна закана за Русија и дека позициите на Западот претставуваат ризик од директен нуклеарен конфликт со катастрофални последици.

Лавров, исто така, рече дека жали што САД ги отфрлија разговорите со Москва за стратешка стабилност – серија прашања поврзани со нуклеарното оружје, објави „Ројтерс“.

Тој рече дека без директни разговори меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот, ризикот за глобалната безбедност само ќе расте.

Слични содржини