Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

од Aneta Risteska
25 прегледи

Прекумерната помош за Украина се обезбедува врз основа на кражба на суверени фондови и на сметка на меѓународната развојна помош, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров, на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Јоханесбург, изјави дека помошта дадена на Украина на овој начин достигнала невидени размери, пренесе ТАСС.
По почетокот на рускиот напад врз Украина, Советот на Европската унија одобри резолуција со која се обезбедува правна основа за добивката од замрзнатите руски средства да се користат за воена помош за Украина, а во јуни минатата година, лидерите на Г7 се согласија да му дадат заем на Киев од 50 милијарди долари (47,7 милијарди евра), делумно финансиран од каматата на замрзнатите руски средства.

„Минатата година на ноемврискиот самит на Г20 во Рио де Жанеиро беше наведена сумата на воените трошоци во светот – 2,4 трилиони долари“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека „под овие услови, пред се, благодарение на напорите на земјите од БРИКС и нивните партнери истомисленици, Г20 продолжува да го задржува статусот на корисна платформа за развој на различни нивоа на држави“.

Лавров потсети дека во 2024 година, лидерите на земјите од БРИКС едногласно и недвосмислено се залагаа земјите од јужната хемисфера да добијат „вистински потпора над активностите на мултилатералните институции, особено Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, пропорционално на нивната тежина и да се осигураат дека нивните потреби ќе бидат земени предвид во Светската организација“.

„Сега треба да ги исполниме договорите, а Русија ќе направи се за да го олесни тоа“, нагласи Лавров.

Слични содржини