Лавров: Посетата на Кери во Сочи покажа неуспех на изолацијата на Русија

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека посетата на државниот секретар на САД Џон Кери во Сочи покажува неуспех на политиката на изолација на Русија , цитира од РИА “Новости”.

лавроввв

Посетата на Кери значи пред сè, дека не поминува изолирањето на Русија . Прашањата кои Кери  ги покрена во Сочи, не само за Украина, туку  и за Сирија, Јемен и многу други, покажуваат дека без Русија е многу тешко да се решат. Па јас сум должен на мојот колега. Мислам дека постапи многу одговорно.Ние искрено и отворено зборувавме  за сите регионални конфликти, истакна Лавров пред “Российской газета”.

Претходно Москва објави дека е подготвена да го продолжи дијалогот со Вашингтон за сите прашања, особено во воената и политичката сфера.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Григориј Карасин  ги утврди преговорите со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд како корисни и искрени. Нуланд  е во посета на Москва од вчера

Нуланд се враќа во Киев, каде што ќе се сретне со главните политички лица во Украина. Според мене размената  на мислења беше корисно , искрено и доволно отворено , истакна Карасин.

Според него Русија и САД се согласија да ги продолжат билатералните контакти за Украина.

Нуланд од своја страна, рече дека Вашингтон има воспоставено блиски контакти со Киев и Москва. Таа ја  изрази својата позиција на прес-конференција со Карасин и заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Американскиот претставник појасни дека САД ќе се стремат да влијаат за спроведувањето на Минск аранжманите а Нуланд упосочи дека  средбата со руските претставници била  “многу прагматична”.Според неа украинскиот претседател Петро Порошенко дал уверување дека Киев нема да започне нови воени дејствија во Донбас.САД продолжуваат да влијаат позитивно врз земјите од украинскиот конфликт, рече американскиот претставник.

САД се против вметнување на оружје во украинскиот конфликт.Сите оружени испораки до завојуваните страни треба да бидат прекинати, САД треба да го видат тоа во пракса, повика таа.