Лавров повторно ја заостри реториката: Кремљ сака „промена на режимот“ во Киев

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Спротивно на претходните изјави, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија има за цел да ја собори украинската влада.

„Ние секако му помагаме на украинскиот народ да се ослободи од режимот кој е апсолутно непријателски настроен кон народот и историјата“, рече Лавров за време на посетата на Каиро. „Рускиот и украинскиот народ ќе живеат заедно во иднина“, вели тој.

Со најавата дека сака да го смени политичкото раководство во Киев, Лавров противречи на сопствените изјави од април.

„Немаме намера да го менуваме режимот во Украина“, изјави првиот руски дипломат во интервју за телевизијата „Индија тудеј“. „Останува на Украинците да одлучат под кое раководство сакаат да живеат“, уверуваше тогаш Лавров.

Во последните денови руското раководство јавно ја зацврсти својата позиција за војната во Украина. Во средата Лавров се закани дека Русија ќе окупира други области надвор од Донбас.

Слични содржини