167
Преговорите меѓу Москва и Киев, чија цел е да се најде решение за конфликтот, се „во место“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„ Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор на предлогот што го испративме до украинските преговарачи пред пет дена, во кој ги зедовме предвид нивните коментари“, рече Лавров.
Лавров, исто така, рече дека се сомнева во волјата на украинските лидери да продолжат со разговорите.
„За мене е многу чудно да слушам изјави секој ден… вклучително и од (украинскиот) претседател и неговите советници, кои оставаат впечаток дека овие преговори воопшто не им се потребни“, рече Лавров.