Лавров пристигна во Њујорк

од Stefanija Kuzmanovska
130 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде ќе учествува на седниците на Советот за безбедност на ОН на 24 и 25 април, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Сергеј Лавров пристигна во Њујорк. Утре ќе има седница на Советот за безбедност на ОН, со која тој ќе претседава“, напиша таа на својот канал на Телеграм, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

„Над 700.000 луѓе го следеа летот на Лавров“

Захарова објави дека повеќе од 700.000 луѓе го следеле летот на Лавров до САД користејќи ја Flightradar.

Лавров денеска се очекува да се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Претходно постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја изјави дека Русија има многу теми за разговор.

Лавров повика високи дипломати од повеќе земји, вклучително и американскиот државен секретар Антонио Блинкен, да учествуваат на седниците на Советот за безбедност на ОН со која ќе претседава Русија.

Но, не е сигурно дали Лавров и Блинкен ќе се сретнат во ОН. Лавров тврди дека Москва е подготвена да размисли за средба со Блинкен и не отфрла сериозни предлози од американската страна за дијалог.

Пред пристигнувањето на руската делегација во Њујорк, рускиот заменик министер Сергеј Рјабков изјави дека се уште нема планови за таква средба, пишува ТАСС.

Слични содржини