Русија и Северна Кореја се борат против претворањето на Евроазија во сопственост на НАТО, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според него, како што вели, злото мора да се повлече.
„Ова е и наша заедничка борба за вистината против лагите. За да не се претвори нашиот прекрасен евроазиски континент во посед на НАТО, кој отворено се стреми да го прошири своето влијание врз целиот евроазиски простор. И ние и нашите севернокорејски пријатели сакаме злото да се повлече и преземаме голем број практични чекори за да се случи тоа“, рекол Лавров на свечениот прием што во негова чест го организирала севернокорејската влада.
Лавров нагласил дека Русија и Северна Кореја цврсто се придржуваат до Договорот за стратешко партнерство и ќе продолжат да го прават тоа и во иднина.
„И Русија и Северна Кореја целосно ги почитуваат обврските утврдени во Сеопфатниот договор за стратешко партнерство и соработка. Ова ќе продолжи да биде случај и во иднина“, кажал министерот.
За потсетување, Лавров пристигна во Северна Кореја синоќа на втората рунда стратешки разговори.
Тој се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и ги пренесе поздравите од рускиот претседател Владимир Путин и ја потврди својата посветеност на договорите постигнати на највисоко ниво.