Лавров: Русија ќе продолжи да се бори за враќање на рускиот јазик во Украина

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Русија ќе продолжи да се залага за целосно враќање на правата на рускиот јазик во Украина, сметајќи го за клучен за постигнување одржлив мир.

Во видео обраќање по повод Денот на рускиот јазик, Лавров нагласи дека почитувањето на рускиот јазик, како и културата, е од суштинско значење за Русија, објави ТАСС.

Тој нагласи дека Москва нема да толерира дискриминација кон рускиот јазик и ќе продолжи да ги поддржува граѓаните на Украина кои зборуваат руски јазик, заштитувајќи ги нивните законски права, вклучително и правото да го користат својот мајчин јазик.

Слични содржини