Лавров: Русија не е во војна со НАТО

од Nikola Popovski
317 прегледи

Русија не смета дека е во војна со НАТО, а таквиот развој на настаните би ги зголемил ризиците од нуклеарна војна, што не може да се дозволи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„За жал, се добива впечаток дека НАТО верува дека е во војна со Русија“, рече Лавров во интервју за ТВ каналот Ал Арабија.

Тој додал дека и некои европски лидери веруваат дека се во војна со Русија, бидејќи постојано велат дека Русија и претседателот Владимир Путин мора да бидат поразени, пренесува ТАС С.

„Мислам дека оние кои користат таква терминологија веруваат дека се во војна со оној што сакаат да го поразат“, рече Лавров.

Тој порача и дека Украина е одговорна за застојот во мировните преговори со Русија, наведувајќи дека Киев постојано ги менува преговарачките позиции.

Слични содржини