Нема смисла да се одржува претходното дипломатско присуство во западните земји бидејќи руските дипломати работат таму во услови кои тешко може да се наречат хумани, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во обраќањето пред колегите дипломци кои за првпат преземаат дипломатски должности.
„Руските дипломати во западните земји постојано се соочуваат со проблеми и закана од стресни ситуации, а што е најважно за дипломатите, нема работа откако Европа ги прекина сите економски односи со Русија“, рече Лавров, пренесе ТАСС.
Шефот на руската дипломатија истакна дека Западот застанал на страната на оние кои сакаат да го оживеат нацизмот, бидејќи ја поддржува Украина.