Лавров: САД доживеаја неуспех во Авганистан

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров смета дека повлекувањето на американските трупи од Авганистан всушност значи дека САД го признале неуспехот на својата 20-годишна мисија во таа земја, која се соочува со нова ескалација на насилството.

„Соединетите држави не само што ги повлекуваат своите трупи од Авганистан, туку всушност го признаваат неуспехот на нивната дваесетгодишна мисија“, рече Лавров, пренесе ТАСС.

Според него, факт е дека безбедносните закани, тероризмот и трговијата со дрога драматично се зголемија од 2001 година, кога САД и нивните сојузници ја започнаа својата операција во Авганистан.

„Важно е дека постојат документи на Запад што укажуваат на веројатна вмешаност на американски војници во трговијата со дрога“, нагласи Лавров.

Рускиот министер исто така посочува дека ситуацијата во Авганистан се влошува и дека во таа земја има засолништа за милитантите на Исламска држава, како и дека повлекувањето на американските трупи и неподготвеноста на Кабул да формира привремена влада со талибанците создаваат услови за насилно решавање на овој конфликт.

„Талибанците се повоинствени затоа што постојниот договор предвидува формирање привремена влада, и за жал лидерите во Кабул не се подготвени за тоа, што со повлекувањето на Американците е ситуација која е отворена за сценарио за насилство“, Рече Лавров.

По одлуката на САД да ги повлечат војниците од Авганистан, американскиот воен контингент се очекува да ја напушти оваа земја до 11 септември.