Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска за време на говорот пред Државната дума изјави дека САД го користат Западот за да ја претворат Украина во инструмент за борба против Русија, како што некогаш Адолф Хитлер ги мобилизираше европските земји за напад на Советскиот Сојуз, пренесува Тас с.
„Денес, САД го потчинија речиси целиот колективен Запад, мобилизирајќи го да ја претвори Украина во инструмент за борба против Русија, исто како што Адолф Хитлер некогаш ги мобилизираше повеќето европски земји да ја нападнат ССР“, рече Лавров.
За време на своето обраќање во Државната Дума, Лавров истакна дека „исто како и тогаш, сегашните планови не се предодредени да се остварат“ и додаде дека претседателот Владимир Путин тоа јасно го кажал за време на неговиот говор во Кремљ, пренесува руската агенција.
Министерот за надворешни работи на Русија, исто така, рече дека приклучувањето на Народната република Доњецк и Луганск, како и на регионите Запорожје и Херсон кон Руската Федерација е логично продолжување на повторното обединување на руските земји што започна во 2014 година.
Руската Дума денеска ги ратификуваше договорите за присоединување на четири украински територии кон Русија.
Четири територии претходно со мнозинство гласови на референдум одлучија да се приклучат на Руската Федерација.