Гасоводот „Северен тек 2“ ќе биде завршен за неколку дена и ќе започне со работа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Забележуваме дека Северниот тек 2 сега е директно нападнат, бидејќи Американците сфатија дека, и покрај се, ќе биде завршен и работата ќе започне за неколку дена“, рече Лавров, пренесува агенцијата ТАСС.
Според него, САД сакаат да го истуркаат својот течен природен гас на пазарот, кој, како што вели, најчесто се добива со еколошки штетен метод и е многу поскап.
„Северен тек 2“ се состои од два крака на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно и се протега од рускиот брег преку Балтичкото Море до Германија.
Работата на гасоводот беше прекината во декември 2019 година, откако компанијата Swiss Olsis се откажа од поставување на цевки поради заканата од американски санкции.
Изградбата продолжи во декември 2020 година.