Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека изјавите дека НАТО е одбранбен сојуз се смешни.
„Зборовите дека НАТО е одбранбен сојуз се смешни, дури и срамно е да се тврдат такви глупости“, рече Лавров во Минск, обраќајќи им се на студентите и професорите на Белорускиот државен универзитет и други високообразовни институции, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека неодамна претставникот на Белата куќа уште еднаш повторил дека Русија не треба да се плаши од НАТО, дека никој не треба да се плаши од НАТО, бидејќи НАТО е одбранбен сојуз.
Според Лавров, смислата на постоењето на НАТО исчезнала кога престанале да постојат Варшавскиот пакт и СССР.
Ако сам напредуваш, ја освојуваш територијата, таму распоредуваш вооружени сили, тогаш, ако добро го разбирам рускиот јазик, тоа не е одбрана, тоа е нешто спротивно, рече Лавров.