Соработката меѓу Москва и Пекинг доби „стратешки карактер“, а поради „хибридната војна на Западот против Русија“ за неа се отвораат нови можности, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Русија и Кина систематски ги спроведуваат сите одобрени програми за соработка. Енергетското партнерство доби стратешки карактер. Се реализираат големи проекти во областа на индустријата, земјоделството и транспортот“, рече Лавров во видео обраќањето пред учесниците на седмата меѓународна конференција „Русија и Кина: соработка во новата ера“, пренесува РИА Новости.
Шефот на руската дипломатија изјави дека „хибридната војна што ја започна колективниот Запад против Русија отвора нови можности за проширување на соработката меѓу Москва и Пекинг“, пренесува ТАСС.