155
Русија не се стреми кон промена на режимот во Украина, Украинците сами да одлучат како ќе живеат, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и посочи дека нема да користи нуклеарно оружје во Украина.
„Ние не сме за промена на режимот во Украина, тоа го кажавме многу пати. Сакаме Украинците сами да одлучат како сакаат да живеат. Сакаме луѓето да бидат слободни да одлучуваат како сакаат да живеат во Украина“, рече Лавров во интервју за ТВ канал „Индија Тудеј“, пренесува агенцијата ТАС С.
Зборувајќи за употребата на нуклеарно оружје во Украина, рускиот министер за надворешни работи повтори дека се користи само „конвенционално оружје“, пренесува Би-Би-Си.