Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ја обвини Украина дека ги саботира преговорите со Русија.
Во интервју за италијанската телевизија „Медиасет“, Лавров рече дека е „целосно рамнодушен кон она што Володимир Зеленски го негира или не го негира“.
„Го слушнав како (украинскиот претседател) рече дека во разговорите нема ни да разговараме за демилитаризација и денацификација. Тие ги саботираат тие преговори, како и договорите од Минск веќе осум години“, рече Лавров.
Москва не поставува вештачки рокови за својата воена операција во Украина за да ја заврши до Денот на победата на 9 мај, изјави рускиот министер за надворешни работи.
„Нашите војници вештачки не ги засноваат своите активности на одреден датум, вклучувајќи го и Денот на победата“, рече Лавров во интервју за италијанската ТВ компанија.
Лавров оцени дека Киев се обидува да ги повлече милитантите од фабриката Азовстал во Мариупол на територијата контролирана од Украина „поради фактот што тие можат да потврдат присуство на платеници, а веројатно и активни офицери на западните армии“.
-Ситуацијата со конфронтацијата во фабриката Азовстал во Мариупол и тврдоглавата, дури и хистерична желба на Зеленски, неговиот тим и неговите западни покровители да ги извлечат сите овие луѓе и да ги испратат на територијата на Украина се должи на фактот дека има многу кој ќе го потврди присуството на платеници од западните војски кои се ангажирани на страната на украинските радикали“, изјави Лавров, пренесе РИА Новости.