Воената интервенција на Економската заедница на западноафриканските држави –ЕКОВАС во Нигер никому нема да му донесе корист и ќе биде деструктивна за илјадници луѓе, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на самитот на БРИКС во Јужна Африка.
„Не мислам дека инвазијата на било кој ќе му користи. Силите за спротивставување на интервенцијата веќе се формираат во вториот дел од ЕКОВАС. Навистина не го сакам ова сценарио за Африканците“, рече Лавров, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека таквиот развој на настаните би бил деструктивен и катастрофален за многу земји и илјадници луѓе.
Регионалниот блок ЕКОВАС (ECOWAS) претходно објави дека е подготвен воено да интервенира во Нигер за соборување на воената хунта која во јули го собори демокартски избраниот претседател Мохамед Базум.