Лавров: Војници на ЕУ во Украина би значелo директна војна против Русија

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека воениот контингент на Европската унија во Украина ќе значи „директна војна“ на европските земји против Русија.

„Русија ќе го види присуството на мировните сили на ЕУ во Русија исто како и присуството на НАТО. Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија. Макрон агресивно ја следи целта на Наполеон, прикривајќи ги своите вистински намери“, ја цитира агенцијата TАСС рускиот министер за надворешни работи.

Да потсетиме, францускиот претседател Макрон вели дека европските трупи „можеби“ би можеле да бидат распоредени во Украина по мировниот договор, додека британскиот премиер Кир Стармер вели дека е подготвен „да стави британски чизми на земја“ по прекинот на огнот.

Слични содржини