Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е време да се обноват политичките контакти меѓу ЕУ и Русија.
„Досега воспоставивме технички контакти за регулаторни и други прашања меѓу комисиите. Сепак, сметаме дека е време и за политички контакти“, рече Лавров на отворањето на конференцијата посветена на односите меѓу Русија и ЕУ, пренесе Тасс.
Москва е изненадена од пасивната реакција на Брисел на политиката на Вашингтон за управување со системот за контрола на оружјето, истакна рускиот министер за надворешни работи.
„Деталниот и конкретен предлог на рускиот претседател Владимир Путин да се спречи појавата на ракети со среден дострел, кои се лансираат од земјата, помина незабележано“, рече Лавров.
Тој нагласи дека антируската реторика на Запад е претворена во воено зајакнување против Русија.