Лавров за гласините за Путин: Секој кој е разумен тешко може да забележи знаци на болест

од Nikola Popovski
221 прегледи

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги коментираше гласините дека рускиот претседател Владимир Путин е наводно болен, велејќи дека „сите разумни луѓе кои ги следат секојдневните јавни настапи на рускиот лидер, тешко дека ќе видат знаци на некоја болест кај него“.

„Претседателот Путин секој ден се појавува во јавноста. Можете да го видите на вашите екрани, да ги читате и слушате неговите говори. Мислам дека разумно суштество не може да види знаци на болест кај него“, рече Лавров.

„Тоа го оставам на совеста на оние кои шират такви гласини“, додаде Лавров.

Рускиот министер рече и дека Путин е подготвен да разговара со претседателот на Франција, Емануел Макрон, како и со други колеги по прашањето за Украина, и покрај нивната реторика во јавноста.

Слични содржини