Лавров за нападот на амбасадата во Кабул: „Организаторите да бидат казнети во блиска иднина“

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Москва очекува што поскоро да бидат казнети организаторите на терористичкиот напад на руската амбасада во Кабул, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Се надеваме дека креаторите на овој терористички чин и неговите извршители ќе ја добијат заслужената казна во многу блиска иднина“, рече Лавров на почетокот на разговорот со неговиот таџикистански колега Сирожидин Мухридин.

Најмалку осум лица загинаа денеска во експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, а најмалку 15 се повредени.